Туристички зони во Охридско-струшкиот, Преспанскиот и Дојранскиот регион

Bez autora
Oct 30 2011

Владиниот Комитет за туризам ја разгледа Националната стратегија за развој на туризмот со посебен акцент на формирање работна група која ќе се концентрира на делот на формирање и создавање развојни туристички зони во три региони - Охридско-струшкиот, Преспанскиот и Дојранскиот. Работната група што ќе ја сочинуваат претставници од министерствата за економија и за транспорт и врски и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што информира министерот за економија, Ваљон Сараќини, наредната недела треба да има состанок. На Комитетот било разговарано во иднина да се реформира досегашната Агенција за промоција и поддршка на туризмот во нова Национална туристичка агенција која ќе има цел да го промовира туризмот и едукација на туристичките работници. Според него било разговарано и за можноста следната година повторно да бидат воведени субвенции за носење странски туристи и бил потенциран фактот дека годинава имало за 25 отсто зголемување на бројот на странски туристи.

Туристички зони во Охридско-струшкиот, Преспанскиот и Дојранскиот регионВладиниот Комитет за туризам ја разгледа Националната стратегија за развој на туризмот со посебен акцент на формирање работна група која ќе се концентрира на делот на формирање и создавање развојни туристички зони во три региони - Охридско-струшкиот, Преспанскиот и Дојранскиот.

Работната група што ќе ја сочинуваат претставници од министерствата за економија и за транспорт и врски и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што информира министерот за економија, Ваљон Сараќини, наредната недела треба да има состанок.

На Комитетот било разговарано во иднина да се реформира досегашната Агенција за промоција и поддршка на туризмот во нова Национална туристичка агенција која ќе има цел да го промовира туризмот и едукација на туристичките работници.

Според него било разговарано и за можноста следната година повторно да бидат воведени субвенции за носење странски туристи и бил потенциран фактот дека годинава имало за 25 отсто зголемување на бројот на странски туристи.

- На Комитетот разговаравме и за податокот што го добивме деновиве, а тој говори дека бројот на нововработени, само во делот на туризмот, е зголемен за 40 проценти во однос на истиот период лани. Владата на РМ става посебно значење на развојот на туризмот, а тоа го покажа со последните информации дека девизниот прилив во државата се зголемил за околу 19 отсто, што од прилика значи околу 100 милиони долари прилив - нагласи Сараќини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik